Сите избирачки места на време беа отворени за гласањето

Според првичните информации од Државната изборна комисија сите избирачки места се отворени и досега нема ниту една пријава за некакви проблеми во однос на отворањето на избирачките места во 7 часот.Првата конференција за медиуми ДИК ќе ја има во 11 часот.
Изборите се спроведуваат на 3.480 избирачки места во шест изборни единици.
Број на гласачи по изборни единици: ИЕ 1: 295.948;  ИЕ 2: 306.471;  ИЕ3: 280.727;  ИЕ 4: 282.537;  ИЕ 5: 290.433;  ИЕ 6: 307.817.
На изборите учествуваат: коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Демократската партија на Албанците (ДПА), Демократската унија за интеграција (ДУИ), коалицијата За живот во Македонија предводена од СДСМ, Коалицијата За промени и правда-Трет Блок предводена од Демократскиот сојуз, Партијата за демократски просперитет (ПДП), коалицијата Алијанса за Албанците, Либералната партија, коалиција ВМРО-За Македонија, коалицијата Преродба со Беса.Првата конференција за медиуми ДИК ќе ја има во 11 часот.
Изборите се спроведуваат на 3.480 избирачки места во шест изборни единици.

Пронајдете не на следниве мрежи: