Православните христијани денеска го одбележуваат споменот на Свети Василиј Острошки, Светите девет маченици во Кизик и на Преподобен Мемнон Чудотворец.Житие за Свети Василиј Острошки
Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сѐ потежок и потежок.
Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, наспроти неговата волја. Како архиереј прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од турската свирепост и од латинското лукавство. А кога непријателите многу го притеснија, а Турците го разорија Тврдош, се пресели во Острог, каде што тврдо се подвизуваше, оградувајќи го своето стадо со непрестајни молитви.
Се упокои мирно во Господ во 16 век. Неговите мошти останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на Педесетница во Острог станува голем народен собир.
Св. девет маченици во Кизик
Градот Кизик се наоѓал во Мала Азија, близу до Троада, која била премин од Азија во Европа.
Во овој град христијанството го проповедаше уште апостол Павле, но тука се до крајот на третиот век заради гонењата христијанството главно се пазеше во тајност.
Луѓето или бегаа по другите места, по планините и пустите места, криејќи се од прогоните, или ја одржуваа светлината на вистинската вера во тајност. Но, имаше и такви кои, како светителите што црквата ги слави денес, се осмелија отворено да го проповедаат Христос во градот. Тоа се случуваше во времето на император Диоклецијан.
Заради таквата нивна смелост Теогониј, Руф, Антипатар, Теостих, Артем Магниј, Теодот, Тавмазиј и Филимон беа обезглавени со меч. Во времето на цар Константин моштите им беа најдени и сместени во црквата што беше изградена во нивен спомен.Житие за Свети Василиј Острошки
Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше и