Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски по повод 8 април – Меѓународниот ден на Ромите упати честитка до припадниците на ромската етничка заедница во Македонија.– Република Македонија е една од државите кои се активно вклучени во подобрување на социо-економскиот статус и општествената вклученост на Ромите. Наша заедничка определба е постојано да работиме за меѓусебна почит и взаемна доверба и на тој начин континуирано ќе го подобриме животниот стандард на нашите граѓани и ќе постигнеме напредок во сите области на општествено делување, се наведува во честитката.
Вашите лични успеси се успеси и за Република Македонија, истакнува Вељаноски и нагласува дека работењето и делувањето во општествените текови на Ромите е од неизмерна важност кон градењето европска и демократска држава во која се промовира недискриминација и еднаквост на сите граѓани.– Република Македонија е една од државите кои се активно вклучени во подобрување на социо-економскиот статус и општествената вклученост на Ро