Доколку приходот од земјоделска дејност во 2016 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално.- Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги – сооппштува УЈП.
Како да се регистрирате за паушално оданочување?
Најдоцна до 31 јануари 2017 година на шалтерите на УЈП поднесете:
1. Образец УЈП-РДО/З – Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност (преземи https://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/104);
2. Образец ПДД-ПЗ – Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (преземи https://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/103).
Напомена: Ако веќе сте регистрирани во УЈП и доделен ви е даночен број (ЕДБ) како вршител на земјоделска дејност, поднесете само Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец „ПДД-ПЗ“).- Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданоч