Објавете му војна на целулитот и победете го со храна што ви се допаѓа.
Лосос: Уживајте во лососот без грижа на совест! Маснотиите што тој ги содржи се здрави и можат да ви помогнат да ги изгубите килограмите и да го елиминирате целулитот. Оваа храна изобилува со омега-3 масни киселини што го намалуваат апетитот и позитивно влијаат на здравјето на врзувачките ткива.
Лути пиперки: Ако сакате лута храна, ќе ви се допадне фактот дека лутите пиперки се важен сојузник во борбата против целулитот. Го забрзуваат метаболизмот и до 25% по консумирањето. Освен тоа, пиперките се богати со витамин Б6, кј го регенерира врзувачкото ткиво.
Боровинки: Освен што се многу вкусни, многу се и здрави. Го засилуваат производството на колаген и го подобруваат изгледот на кожата.
Јаболков оцет: Благодарение на високиот концентрат на магнезиум, калциум и калиум што го содржи, јаболковиот оцет помага во детоксикацијата и ги елиминира мастите од организмот.
Темно чоколадо: Научните истражувања покажаа дека природното какао е најдобар извор на антиоксиданти на светот и е ефикасно во согорувањето на маснотиите.
Лосос: Уживајте во лососот без грижа на совест! Маснотиите што тој ги содржи се здрави и можат да ви помогнат да ги