Генералниот секретар на Светската метеоролошка организација Петери Талас изјави денеска дека оваа година ќе биде меѓу најтоплите, од кога почнала да се мери температурата во 19. век.Талас, на отворањето на меѓународната Конференција за забавување на климетските промени, истакна дека тековната година ќе биде малку постудена од рекордната 2016 година.
– 2017. ќе биде меѓу трите најтопли години од кога се спроведуваат мерења, истакна Талас на коференцијата на која присуствуваат претставници од над 200 држави.
Во Бон денеска почна Конференција за климата, која ќе трае до 17 ноември, а со собирот годинава ќе претседава Фиџи.
Германија, како домаќин, за организацијата издвои 117 милиони евра. На брегот на Рајна направен е шаторски град за 25.000 учесници, кој е со големина на осум фудбалски игралишта.
Се очекува овогодинешните разговори да бидат тешки. Од една страна, поради најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од Парискиот договор, а од друга страна, се очекува странските делегации да разработат правилник, кој би бил усвоен на следната климатска конференција во Полска, во 2018 година. Тоа значи дека ќе биде неопходно единстве меѓу државите, за на хартија да се дефинираат конкретни мерки.
На конференцијата најавено е присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, чие доаѓање, како и на другите лидери, е најавено за крајот на конференцијата.Талас, на отворањето на меѓународната Конференција за забавување на климетските промени, истакна дека тековната година ќе биде малку постудена од р