авниот долг на Шпанија во вториот квартал годинава достигна рекордни 75,9 отсто од бруто домашниот производ (БДП), што ги обнови сомневањата дека владата ќе успее да ја оствари зацртаната цел за намалување на буџетскиот дефицит.
Како што соопшти денеска Централната банка на Шпанија, јавниот долг достигнал 804 милијарди евра, што е за 30 отсто повеќе во однос на претходното тромесечје, кога долгот изнесуваше 72 отсто од БДП.
Овие податоци сериозно ја доведоа во прашање способноста на владата буџетскиот дефицит оваа година да го намали на 6,3 отсто, што е клучно за да се поврати довербата на инвеститорите.
Во врска со најновите податоци од Шпанија, Европската централна банка изрази загриженост дека јавниот долг на шпанија би можел до 2016 година да надмине 100 отсто од БДП, доколку владата во Мадрид не ги спроведе ветените мерки на штедење.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: