Фенербахче ќе му крева споменик на Алекс

 

Легендарниот капитен на Фенербахче, Алекс де Соуза ќе добие големо признание од истанбулскиот фудбалски великан. Бразилецот кој во петокот наполи 35 години ќе добие споменик кој ќе биде поставен пред стадионот „Шукур Сарачоглу“.

Клубот ја прифати иницијативата на навивачите на вистински начин да му се оддолжи на Алекс за неговите осум години кои ги мина во Фенербахче. 

Бразилецот го предводеше Фенер до три титули во турското првенство, за оваа екипа има одиграно 338 натпревари на кои постигнал 171 гол. 

Поранешниот бразилски репрезентативец во Фенербахче се пресели во 2004 од редовите на Крузеиро.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: