Македонските одбојкари против Австрија, во недела, ќе се борат за второто место во квалификациската Ц групата, за пласман на Европското првенство.
На турнирот кој се игра во Острава, Македонија со максимален резултат загуби од Чешка со 0:3 (20:25, 15:25, 14:25), но резултатот од мечот Австрија-Хрватска оди во прилог на македонските одбојкари.
Австријците победија со 3:1, па во мечот со нашата репрезентација ќе решаваат за втората позиција во групата, која носи место во баражот. Оваа опција да стане реалност ќе мора и фаворитот Чешка да ја победи Храватска.
Во пресерт на последното коло, Чешка, сметајќи го и првиот турнир во Виена, веќе се квалификува на ЕП, Чесите имаат 15 бодови, Хрватска е втора со шест, Австрија има пет, а Македонија четири бода.
Доколку Македонија победи против Австрија, а Хрватска загуби од Чешка, „црвено-жолтата“ репрезентација ќе избори дополнителни два меча преку кои ќе се обиде да се пласира на континеталното првенство.
Македонија и Австрија во недела својот меч ќе го започнат во 15 часот, од 18 часот ќе се одигра натпреварот Чешка-Хрватска.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: