Педроса со пол-позиција во Сан Марино

 

Возачот на Реапсол Хонда, Дани Педроса ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Сан Марино, која во недела ќе се вози на патеката Мизано-Марко Симончели.

Шпанецот до најдбрата стратна позиција дојде откако го имаше најбрзо извозениот круг, со време 1:33.857 минути. 

Педроса за само 18 илјадите делови од секундата беше побрз од сонародникот Хорхе Лоренцо на Јамаха. Друштво на двајцата Шпанци во првио ред ќе им прави Кал Крачлоу на Јамаха Тех 3.

Викендот во Мизано започна со почесен круг на сите возачи, кои на велосипеди му оддадоа почит на трагично загинатиот Марко Симончели. 

Вториот стартен ред го формираа Штефан Брадал на ЛЦР Хонда, Алваро Баутиста кој вози Хонда на екипата Сан Карло Гресини и Валентино Роси на Јамаха, кој беше најдобро пласиран од домашните возачи. 

Најдобрите десет на стартот за утрешната трка ги комплетираа Андреа Довициозо (Јамаха Тех 3), Бен Спиз (Јамаха), Џонатан Реа кој во Репсол Хонда го менува повредениот Кејси Стонер и Ники Хајден (Дукати) кој по две пропуштени трки, поради повреда, се врати на патеките. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: