Убедливи победи на Арсенал и Манчестер Јунајтед во четвртото коло во Премиер лигата, коло во кое без планираните бодови останаа фаворизираните Челзи и Манчестер Сити.
Арсенал, го прими првиот гол во сезоната, но го декласира Саутемптон со 6:1. Два гола постигна Жервињо, а два пати гостите ја погодуваа сопствената мрежа.
Манчестер Јунајтед едно полувреме се мачеше со Виган, но работите дојдоа на свое место во вториот дел кога „црвените ѓаволи“ четири пати ја погодуваа мрежата на противникот. Ветеранот Полс Сколс го постигна првиот гол за својот тим, со што го одбележа својот 700-ти настап за Јунајтед.
Челзи против КПР го расипа стопроцентниот учинок во првите три кола, мечот заврши без голови, а мина во знакот на долго очекуваната средба Фердинанд-Тери. Пред почетокот Фердинанд го искулира Тери не неговиот соиграч Кол, тој воопшто не се ракуваше со играчите на Челзи.
Стоук по четири првенствени рунди има истот толку нерешени резултати, на „Британија“ стадионот актуелниот првак Манчестер Сити извлече бод против домаќинот. Засилувањето Гарсија го постигна дебитантскиот гол во дрсот на Сити, додека Крауч погоди за Стоук.
Димитар Бербатов постигна два гола, а Фулам го совлада ВБА со 3:0, победа од 2:0 забележа Астон Вила против Свонси,а без голови заврши натпреварот Норич-Вест Хем 0:0.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: