Лесни победи на Борусија и Баерн

 

Најголемите фаворити за освојување на шампионската титула во Бундес лигата, актуелниот првак Борусија и минхенски Баерн, забележаа сигурни победи во третото коло.

Борусија на домашен терен лесно го доби дербито против Баер Леверкузен, Хумелс и Блашчиковски погодија во првиот дел, а конечните 3:0, во второто полувреме ги постави Левандовски. 

Баерн Минхен со 3:1 го победи Мајнц, во чии редови целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативец Николче Новевски. Манџукиќ, Швајншатјгер и Крос без стралци за Баверците, единствениот гол за Мајнц го постигна Шалаи од пенал. 

Драматичен меч одиграа Хановер и Вердер, домаќините стигнаа до предност од 2:0, стрелци Хушти и Андреасен, но Вердер израмни преку Хант и Де Брујин. Хановер до трите бода стигна со вториот гол на Хушти постигнат во 92-та минута. 

Штутгарт на домашен терен одигра само 0:0 со новиот бундеслигаш Фортуна, а вредна гостинска победа забележа екипата на Нинберг во Менхенгладбах. 

Клосе и Симонс на Нинберг му донесоа предност од 0:2, домаќинот стигна д израмнување со погодоците на Де Јонг и Џака, а победата на Нинберг му ја донесе Кјотаке, кој беше асистент кај првите два гола.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: