КМФ Железарец играше главна рунда од лигата на шампиони. Во главната рунда нашиот претставник, екипата на Железарец учествуваше во најдобрите 28 екипи во Европа, место за кое нашата екипа се избори преку квалификации во Скопје, каде го освои првото место во група со Бекентас од Литванија, Анжи од Естонија и Јединство од Црна Гора.
Со свои видувања за изминатите случувања во КМФ Железарец и одредени теми поврзани со Македонската Футсал Репрезентација и Македонскиот Футсал општо, еден од нашите најдобри футсал играчи, Зоран Левески за „Пулс24“.
Зоран Левески: „Искрено и реално, со самото учество во најдобрите 28 екипи, мислам дека во моментов Македонскиот футсал треба да биде задоволен, во моментов реални шанси за понатамошен пласман не можеме. Затоа и следеа поразите во Рига од нашите противници во главната рунда, реално и чесно во моментов нашиот лимит е тука во 28 најдобри во Европа, за понатаму со поголеми вложувања, и со доведувања можеби на некој странски играч, по примерот на сите останати екипи кои учествуваат таму, би можеле да се надеваме на влез во 16 најдобри во Европа“ вели Левески во интервју за „Пулс24“ околу случувањата во Лигата на Шампионите.
„Пулс24“ :Какви се плановите околу лигата во Македонија, амбициите на клубот и дали би имал КМФ Железарец сериозен конкурент во некој тим…
Зоран Левески: „Нашиот клуб продолжува со активностите во Македонското првенство и Македонскиот куп. Првенството штотуку почна, има 12 екипи, ќе се игра трокружен систем. За нашите амбиции и цели се знае, освојување на двојна круна. Реалноста во Македонскиот футсал е јасна, конкуренцијата е слаба, тоа покажува со фактот што веднаш по враќањето од Лигата на Шампионите каде што изгубивме 3 натпревари, од кои два со повисока гол-разлика, првиот натпревар на домашен терен во првото коло со Елита од Тетово го добивме со 13-3.“
„Пулс24“: Лоши резултати од Рига, на што се должеа?
Зоран Левески: „Можеби и тука лежи проблемот со играњето по Лигата на Шампионите, немаме доволно квалитетни натпревари во нашето првенство, да би можеле соодветно да напредуваме во Европа. Тука ќе се задоволиме со освојување на домашно првенство и можеби наш мотив некој ќе биде постигнување некој рекорд да се освои првенството без пораз, иако има 3-4 екипи кои што ќе треба на гостински терен со малку повеќе залагање и мотивација да го добиеме“
„Пулс24“: Какви се плановите околу репрезентацијата, што да очекуваме од нашата селекција, кои натпревари следуваат?
Зоран Левески: „Во однос на репрезентацијата, нашите планови се следните квалификации за Европското првенство во 2014-тата година кои што ќе се одржат од 26-31 март во 2013-тата година, тука чекаме ждребка со кого би биле во група“
„Затоа во план се одигрување на неколку пријателски натпревари до тој период со репрезентации со посилен рејтинг од нашиот, инаку да напоменам Македонската футсал селекција се наоѓа на 44-тото место во светот, што за мене претставува добар рејтинг.“
„Планот за пријателски натпревари е во наредните неколку месеци да се одиграат 3 двомеча со екипи рангирани од нас, и добри припреми пред почетокот на квалификациите во месец март. Во зависност од ждребката, ќе се знае и нашата шанса за конечно пласман на едно големо натпреварување на оваа селекција.“ заврши во интервјуто за „Пулс24“, еден од нашите најдобри футсал играчи Зоран Левески.
Пронајдете не на следниве мрежи: