Според информациите кои ги пренесува тимот на ВБА на својата официјална веб страна, се вели дека можно е нашиот интернационалец да дебитира на наредниот натпревар против Ридинг, но сето тоа е под знак прашалник, како што вели тренерот на ВБА, Кларк.
Шефот на стручниот штаб на екипата на премиерлигашот ВБА за официјалната веб страна на овој тим даде интересна изјава, имено, тој го гледал натпреварот помеѓу селекциите на Шкотска и Македонија, задоволен е од настапот на Горан на тој дуел, во врска со тоа кога нашиот интернационалец би дебитирал за ВБА, Кларк вели…
„Мислам дека би можел да биде надвор од терените околу недела дена или околу 10-тина денови. Се ќе зависи од тоа како ќе се одвиваат настаните по неговото пристигање тука во Вторник. Можно е да дебитира уште на наредниот натпревар со Ридинг, но, сега засега не би сакал да прецизирам точно дали официјално би дебитирал на мечот со Ридинг, тешко е уште во овој момент тоа да го прецизирам“ вели Кларк, тренерот на ВБА.
Извор: www.wba.co.uk
Пронајдете не на следниве мрежи: