Отворено 33-то издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Триесет и третиот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во саботата беше отворен во Центарот за култура – Битола.

На програмата се вкупно 74 филмови во девет програмски секции, што ќе бидат прикажани до 21 септември, до кога трае фестивалот.

Фестивалот стартуваше со премиера на филмот „Трето Полувреме“, на Дарко Митревски, а ќе биде затворен со уште една македонска премиера – „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски.

За отворен фестивалот го прогласи претседателот Ѓорге Иванов.

На отворањето на фестивалот беа врачени специјалните награди за особен придонес во филмската уметност – на легендата на француската и светската кинематографија, актерката Катрин Денев, и на австрискиот кинематограф Кристијан Бергер.

Пронајдете не на следниве мрежи: