Стрезовски повика 17 ракометарки за старт на подготовките

 

Гино Стрезовски, селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, го објави списокот на ракометарки со кои ќе ги започне подготовките за Европското првенство.

Репрезентативките првиот собир ќе го имаат на 1. октомври, во Скопје, по што ќе се преселат во Охрид, каде ќе останат до 7. октомври. 

На списокот на Стрезовски ја нема Јулија Николиќ која се прости од репрезентативниот дрес по завршувањето на квалификациските натпревари. Меѓу повиканите покрај Николиќ ги нема Даниела Новеска и Марија Папуџиева. 

На списокот на селекторот има 17 ракометарки од кои само четири настапуваат во странство. Покрај стандардните репрезентативки, нови имиња во националниот тим се интернационалката која настапува во Германија, Матилда Атанасовска и Марија Штериова од Вардар. 

Список на ракометарки за старт на подготовките за ЕП: 

голмани: Тања Андрејева, Дијана Наумовска, Ивана Цветановска, Ивана Зафирова, 

пикери: Робертина Мечевска, Наташа Младеновска, Марија Серафимовска 

крила: Симона Гроздановска, Драгана Пецевска, Драгица Митрова, Матилда Атанасова 

бекови: Мирејата Барјамовска, Душица Ѓоргиевска, Зорица Деспотовска, Марија Штериова, Билјана Црвенковска, Ивана Саздовска, Елена Ѓоргиевска

Втората фаза од подготовките селекторот Стрезовски ја планира за втората половина на ноември, кока репрезентацијата ќе учествава на турнир во Украина. 

Македонија на Европското првенство, чии домаќин е Србија ќе се натпреварува во група со Данска, Франција и Шведска. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: