Пандев го предводеше Наполи до победа над Парма

Екипите на Наполи, Јувентус, Лацио и Сампдорија го задржаа максималниот учинок во Серија А и по третото одиграно коло.

Наполи предводен од Горан Пандев забележа победа над Парма од 3:1. Македонскиот репрезентативец најпрвион во втората минута избори пенал, кој во гол го претвори Кавани, потоа Пандев ја искористи асистенцијата на Хамшик во 39-та минута, а во 77-та минута тој му асистираше на Инсиње. 

Јувентус победнички го мина гостувањето кај Џенова, пред се благодарение на Мирко Вучиниќ, кој запиша две асистенции и реализира удар од белата точка. 

Гостинска победа запиша и Лацио, кој во Верона го победи Киево. Двоен стрелец беше Ернанес, а еднаш прецизен беше Клосе. 

Најголемото изненадување го приреди Болоња, која во Рим, против Рома имаше негатива од 2:0, но на крајот запиша победа од 2:3. 

Киево-Лацио 1:3
Фиорентина-Катанија 2:0
Џенова-Јувентус 1:3
Наполи-Парма 3:1
Пескара-Сампдорија 2:3
Рома-Болоња 2:3
Сиена-Удинезе 2:2

Третото коло во Серија А ќе биде комплетирано со натпреварот помеѓу Торино и Интер.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: