Во бомбашки напад во северозападен Пакистан, недалеку од границата со Авганистан, во неделата убиени се 14 луѓе, од кои четири се жени, а десет лица се повредени.
Според пакистанските медиуми кои се повикуваат на полициски извори, нападот се случил во долината Сват, во градот Јандол во регионот Бас Дир, кога била активирана експлозивна направа во автобус, со помош на далечински управувач. Се проценува дека бројката од 14 загинати, може да се зголеми бидејќи повеќето од десетте повредени се во тешка состојба.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: