Американската влада ќе ја преземе досега најскапата модернизација на својот нуклеарен арсенал, и покрај кастрењата во воениот буџет, пишува во неделата The Washington Post.
Се уште не е официјално објавено колку пари ќе се потрошат за обновувањето и одржувањето на .5113-те нуклеарни боеви глави, колку што поседува американската армија, како ниту во замената на истрошените системи и за реновирање на застарените нуклеарни постројки.
Меѓутоа, во студијата што летово го објави центарот Stimson чие седиште е во Вашингтон, проценето е дека ваквите трошоци ќе изнесуваат најмалку 352 милијарди евра во следните десет години, пишува весникот.
Други експерти споменуваат далеку поголеми суми, особено доколку се покаже дека е потребно повеќе време за спроведување на модернизацијата на американскиот нуклеарен потенција.
Реновирањето на само еден од седумте типови оружје, бомбите од типот B61, треба да чини околу десет милијарди долари на пет години, истакнува The Washington Post.
Изградбата на 12 нови нуклеарни подморници во замена за застарените подморници од класата „Ohio“ би чинела до 110 милијарди долари, додава весникот кој се повикува на процени направени од конгресната комисија за буџет.
Преземено од Макфакс.
br style=
Пронајдете не на следниве мрежи: