Македонските одбојкари против Австрија, ја испуштија можноста да изборат место во баражот за пласман на Европското првенство.
На турнирот кој се игра во Острава, Македонија забележа победа над Австрија со 3:2 (25:21, 17:25, 15:25, 25:21, 15:13), која сепак не беше доволна за второто место во Ц групата.
Фаворитот Чешка во вториот меч од групата ја победи Хрватска со 3:0 (25:15, 25:21, 25:19).
Во конечниот пласман по двата одиграни турнири, во Виена и Острава, Чешка, со максинален број на бодови 18 избори пласман на ЕП, Хрватска и покрај поразот со шест бода заврши на второто место и ќе игра во баражот, додека Австрија и Македонија поради полошиот сет количник, а со исто така освоени шест бода се простија со шансите за настап на ЕП кое следната година ќе се игра во Данска и Полска.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: