Најгледан филм „Резидент Ивл: Одмазда“

Акцискиот научно-фантастичен трилер „Резидент Ивл: Одмазда“ ја зазема водечката позиција на американските кино благајни во првите денови од прикажувањето, објави компанијата Exhibitor Relations.

Петтото продолжение на хитот инспириран од познатата видеоигра во кое настапуваат славните американски актерки Мишел Родригез и Мила Јовович изминатиот прв викенд од неговото прикажување заработил 20,6 милиони долари.

Второто место го зазема во последно време многу популарниот филм „Во потрага по Немо“ во 3Д технологија во продукција на студијата Disney, кој заработил 17,5 милиони долари.

Следи хоророт „Опседната“ со заработени 5,8 милиони или вкупно 41,2 милиони долари од почетокот на прикажувањето пред три седмици.

Филмот на Џон Хилкот, „Без закон“ според сценариото на Ник Кејв, со Тимоти Харди и Ши Лебеф во улогите на браќата Бондурант коишто за време на прохибицијата во САД заработувале произведувајќи тајно алкохол во шумите во сојузната држава Вирџинија, е четврти според гледаноста изминатиот викенд во третата седмица по ред од почетокот на прикажувањето, со заработени 4,2 милиони долари.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: