Блејк ветува дека ќе ја прекине доминацијата на Болт

 

„Како никој досега имам намера следната година да го предизвикам Усеин Болт“, рече Јохан Блејк, вториот најбрз спринтер на светот.

Сонародникот на Болт, најави дека наскоро тој ќе биде број 1 во спринтерските дисциплини. 

„Доминацијата на Болт нема да трае долго, мојата ’глад’ за победи е многу поголема“, изјавил Блејк. 

„Во Лондон ме фати паника, поради тоа последните 40 метри не ги трчав според планираното. Но на Светските првенства во Москва и три години подоцна во Пекинг, како и на олимпијадата во Рио, ќе го земам тоа што ми припаѓа“, самоуверен е сонародникот на Болт. 

Блејк за момент ја прекина доминацијата на Болт на националните квалификации за пласман на Олимписките игри во Лондон, тој тогаш победи на трките на 100 и 200 метри. Болт возврати на Олимпијадата кога без проблем ги одбрани титулите во овие дисциплини, освоени на претходните Игри во Пекинг.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: