Атлетико Мадрид, во четвртото коло, ја запиша третата победа во новата сезона во Примера дивизија. Актуелниот победник во Лига Европа, на домашен терен, го победи градскиот ривал Рајо Ваљекано со 4:3.
Атлетико, лесно за 56 минути стигна до убедлива предност од 4:0 – Суарез, Коке, Арда Туран и Фалкао од пенал беа стрелци на головите.
Рајо сепак успеа да се врати во натпреварот, откако, за само седум минути, два гола постигна Делибашиќ а еден Батистао.
Сепак гостите немаа сили да стигнат до еден бод.
Колумбиецот Фалкао и на оваа средба ја продолжи извонредната серија, тој го постигна 19-от гол, во исто толку натпревари кои ги одиграл на „Винсенте Калдерон“.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: