Претставниците на Мотоциклистичката федерација на Македонија, Христиан Илиоски и Гоце Томовски постигнаа исклучителен успех на натпревар од Отворениот грчки шампионат во мотокрос, кој викендов се одржа на патеката Птолемаида во Грција.
Имено, Илиоски и Томовски остварија 1-2 победа во отворената класа оставајќи ги далеку зад себе домашните натпреварувачи во двете возења.
Илиоски кој настапи со нов мотоцикл од марката Кавасаки, во второто возење го постигна и убедливо најдоброто време во еден круг со 1:36,90 минута.
Во оваа класа настапи и уште еден наш натпреварувач, Никола Гулевски кој на крајот го освои шестото место.
Со пехари од Грција се вратија и најмладите натпреварувачи, осумгодишниот Лука Ристевски беше трет во класата МХ65, додека неговиот брат Андријан Ристевски и Христијан Станковиќ го освоија второто и третото место во класата МХ85.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: