Вилијам Хил: МЗТ со најмали шанси за триумф во АБА лигата

 

Познатиот британски синџир на обложувалници „Вилијам Хил“, ги објави кои се најголемите фаворити за освојување на регионалното кошаркарско натпреварување – АБА лига.

Според коефициентите кои ги објави „Вилијам Хил“, најмалку шанси за освојување на АБА лигата има дебитантот во ова натпреварување, македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. 

Доколку се обложите дека МЗТ ќе ја освои АБА лигата, тогаш за вложено едно евро ќе заработите 301 евро. 

Најмногу шанси за конечен триумф и се даваат на најтрофејната екипа во ова натпреварување, белградски Партизан, коефициентот за „црно-белите“ изнесува 2,25. 

Зад Партизан, според „Вилијам Хил“ следува Цедевита (коефициент 2,75), па Црвена звезда (7,00). 

Минатата сезона титулата во АБА лигата ја освои Макаби Тел Авив, екипа која оваа сезона го откажа учеството. 

МЗТ Скопје Аеродром својот прв натпревар во регионалната лига ќе го одигра на 29. септември, кога во Загреб ќе и гостува на Цибона.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: