Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, во понеделник и вторник, во Будва, ќе биде дел од учесниците на состанокот кој го организира УЕФА, а кој е дел од Програмата за челниците на националните сојузи.
Со дводневниот состанок ќе раководат високи функционери на УЕФА, предводени од директорот на Канцеларијата за соработка со националните сојузи Теодор Теодоридис, шефот на одделот за соработка со националните сојузи Марк Еселинк и шефот на Канцеларијата за маркетинг Петер Вилијамс.
Во Будва покрај првиот човек на ФФМ, присуствуваат Дејан Савичевиќ Ивица Осим, Борислав Михајлов, Давор Шукер и Александар Чеферин, кои ги предводат делегациите на националните сојузи на Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска и Словенија. Присутните на состанокот ќе анализираат бројни теми.
Меѓудругото ќе ја разгледаат идејата и концептот за организација на Европското првенство во 2020 година во повеќе европски градови, форматот на натпреварите во Лигата на шампиони, бројни услуги и соработка помеѓу УЕФА и националните сојузи, релациите и соработката со ФИФА и другите конфедерации, извештајот за финансискиот фер-плеј и улогата на националните сојузи по тоа прашање, примената на правилото за дополнителни помошни судии и во други натпреварувања…
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: