Израелската тајна служба претстави сосем нов вид на супер-шпион – заводливи млади девојки.
Иако Мосад донеодамна ги држеше подалеку од очите на јавноста, пет од нив проговорија за магазинот „Лејди Глобус”.
Едно од најинтересните искуства е она на агентката Синди од 1986 година, кога намамила еден нуклеарен инженер од Лондон во Италија. Инженерот таму бил дрогиран, киднапиран и тајно испратен во Израел, каде што минал 18 години во затвор.
Овие тајни агентки признаваат дека често се чувствуваат како да „живеат во акционен филм”, но се борат да ги отфрлат тврдењата дека се само сексуално оружје, пренесува „Тајмс оф Индиа”.
„Мажот има помалку шанси да влезе во некоја забранета зона. Насмеаната жена има многу поголеми шанси за успех”, истакна легендата на Мосад, Џаел.
Друга агентка под името Ефрат истакна дека тие ја користат женственоста, но дека никогаш не одат предалеку.
„Дури и ако помислиме дека ќе ја спроведеме мисијата ако спиеме, на пример, со некој шеф на персонал, никој во Мосад тоа не би ни го дозволил. Агентките не се користат за сексуални цели. Заведуваме, но кај сексот повлекуваме црта”, нагласи Ефрат.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: