Во Драч запленет тон марихуана

Албанската погранична полиција во вторник официјално соопшти дека во пристаништето Драч вкупно била запленета тон марихауна, а не 600 килограми како што беше првично соопштено.

Според последните информации, дрогата била најдена во камион кој дополнително влегол во трактот.

Притворен е возачот на камионот, Бесник Калишима кој е албански државјанин.

 

Дрогата била наменета за италијанскиот пазар, а требало да биде пренсена со траект од најголемото албанско пристаниште Драч во Бари.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: