Бенетон го бара „невработениот на годината“

„Во историјата на светот…, големите изуми, големите дела, големите разлики ги правеле луѓе помлади од 30 години и не веруваме дека а можеме да гледаме во иднината без дијалог со тие луѓе“, изјави Бенетон.

На конкурсот ќе бидат избрани „сто невработени на годината“ а секој од нив ќе добие по пет илјади евра за своите проекти. Учесниците мора да имаат меѓу 18 и 30 години и да бидат невработени. Животописот и предлогот за проектот треба да го испратат на www.unhatefoundation.org, од каде што ќе бидат повикани на онлајн интервју.

Конкурсот е отворен до 14-ти октомври.

Статистиката покажува дека во светот без работа има повеќе од 100 милиони млади луѓе меѓу 15 и 29 години.

Брендот Benetton кој се разви од семејна работа има 6.500 продавници во 120 земји низ светот, а се прослави како по смелите бои, така и со контроверзните реклами. Последните години не и’ одеше најдобро поради растот на пофлексибилните модни брендови за широките маси, како што се шпанските Zara, Inditex и шведскиот H&M.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: