Ливерпул ќе го враќа Торес

 

Шпанскиот репрезентативец, играчот на Челзи, Фернандо Торес, би можел да се врати во Ливерпул, ексклузивно пренесува „Daily Mail“.

Торес, спред пишувањето на весникот, е незадоволен од статусот кој го има во клубот и односот кој кон него го има менаџерот Ди Матео. Поради ова шпанскиот репрезентативец во јануари е подготвен да го напушти „Стенфорд Бриџ“.  Челзи во летниот преоден рок покажа силен интерес за Колумбиецот Радамел Фалкао од Атлетико Мадрид, што може да биде и една од причините за продажбата на Торес.  Доколку Шпанецот биде продаден, Челзи со тие пари би можел да го донесе Фалкао. Фернандо Торес во јануари 2011 година од Ливерпул дојде во Челзи за рекордна сума од 50 милиони фунти, но не ги оправда вложените пари.  Ливерпул, од друга страна, на почетокот од сезоната се соочува со огромни проблеми во нападот.  Енди Керол, кој како замена за Торес беше платен 35 милиони фунти, е испратен на позајмица во Вест Хем, па менаџерот Роџерс во нападот ги има само Фабио Борини и Луис Суарес.  
 
Макфакс
 

Пронајдете не на следниве мрежи: