Австралискиот парламент негативно се изјасни по иницијативата за легализација на геј-браковите по неколкудневна жестока дебата.
Претставничкиот дом го отфрли нацрт-законот за легализација на истополните бракови со 98 наспроти 42 гласови. Премиерката Џулија Гилард и лидерот на конзервативците Тони Абот гласаа „против”.
Лабуристот Ентони Албанијс, кој го поддржа предлогот, оцени дека и покрај неуспехот, податоците од гласањето изгледаат охрабрувачки.
„Пред само неколку години воопшто немаше да имаме поддршка од ваков закон со 42 гласа”, коментира Албанијс.
„Сите податоци покажуваат дека поголемиот дел од општеството го поддржуваат ова прашање. Мислам дека во одредена фаза од иднината парламентот ќе ги дели јавните ставови”, изјави Албанијс.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: