Во голем пожар кој изби во вторник на гасна постројка на нафтената компанија Pemex во северниот дел од земјата загинале 26 работници, а најмалку десет се повредени.
Пожарот избил во близина на градот Рејноса, кој е влезна точка за увоз на природен гас од САД, Компанијата „Pamex“ во соопштението од средата потврди дека во пожарот загинале 26 работници, но не објави колку луѓе се повредени. Меѓутоа, од извор на спасувачките служби се дознава дека станува збор за најмалку десет повредени.
Пред да избие пожарот, се слушнала експлозија, но засега не е позната причината што ја предизвикала трагедијата, една од најголемите последните неколку години кога станува збор за постројките на „Pamex“.
На почетокот од септември четворица работници на оваа компанија беа повредени која изби пожар во рафинеријата кај Мадеро во мексиканската сојузна држава Тамаулипас. Најтешката трагедија во државната нафтена компанија „Pamex“ се случи во 1984 година, кога во експлозија на гасна постројка во Сан Хуаница, во близина на Мексико Сити, загинаа повеќе од стотина луѓе.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: