Натпреварот во Лигата на шампиони меѓу Динамо и Порто, одигран во Загреб постави неславен рекорд, во елитното натпреварување, на мечот во паркот Максимир присуствувале само 4.863 гледачи.
Челниците на Динамо не можат да си објаснат зошто посетата била толку мала, бидејќи во претродажбата продале 12.000 билети.
Разочараноста од посетата не ја криеја ниту фудбалерите на Динамо, кои веруваат дека со поголема поддршка ќе избореле поволен резултат.
Порто победи во Загреб со 2:0, иако Динамо пропушти неколку одлични шанси за постигнување гол.
Претходниот негативен рекорд беше во сопственост на БАТЕ Борисов, мечот на овој клуб со Барселона го гледале 5.013 гледачи.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: