Играчи кои вредат 205 млн. евра резерви против Манчестер Сити

 

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, во вторникот на натпреварот со Манчестер Сити, на клупата за резервни фудбалери имаше играчи кои заедно вредат 205 милиони евра.

Лошиот старт на сезоната во домашното првенство, го натера Португалецот да ја смени формацијата во 4-3-3 и да изврши некои промени во тимот. 

Од таа причина Мурињо од стартниот состав против Сити ги изостави Мезут Езил и Серхио Рамос. Карим Бензема, на почетокот од сезоната редовно е на клупата за резерви, каде што се наоѓа и Кака, кој долго време не е во прв план кај Мурињо. 

Покрај споменатите играчи, меѓу резервите беа уште Фабио Коентрао и Лука Модриќ. 

Реал за ангажман на шестмината играчи во последните три сезони издвои 205 милиони евра – Рамос (27 милиони евра), Кака (65), Бензема (35), Езил (18), Коентрао (30) и Модриќ (30). 

Меѓу овие играчи единствено не се вклопува резервниот голман Антонио Адан, тој е продукт на школата на Реал, што значи дека „кралскиот клуб“ за него на платил никакво обештетување. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: