Лиам Галагер, поранешниот фронтмен на рок групата „Оејсис“, во вторникот бил принуден да го напушти стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Галагер, кој е деклариран навивач на Манчестер Сити, во Мадрид го следел натпреварот во лигата на шампиони меѓу Реал и Сити. Лиам „здивел“ кога „граѓаните“ преку Џеко дојдоа во водство, а уште погласен бил кога Марсело го израмни резултатот на 1:1.
Инаку, популарниот музичар, се наоѓал на дел од трибината каде имало само навивачи на Реал, полицијата морала да интервенира и го исфрлила од трибината.
Галагер не бил уапсен, ниту стадионот го напуштил со полициска придружба, но органите на редот биле принудени да побараат од него да го напушти стадионот.
Лиам Галагер поради тоа го пропушти исклучително возбудливиот финиш на натпреварот, во кој Реал во последните три минути поразот од 1:2, го претвори во победа од 3:2.
Макфакс
Извор: sportska centrala
Пронајдете не на следниве мрежи: