22 години од заседата кај Вејце на македонските бранители

Политичката партија Достоинство и нејзиниот претседател, Стојанче Ангелов заедно со делегација на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска го посетија местото каде што пред 22 години, на 28 април 2001 година, во заседа крвнички беа убиени 4 припадници на АРМ и 4 припадници на поесбните полициски сили. Во нивна чест, Петровска до Советот на општина Тетово поднесе иницијатива за подигање спомен обележје.

Во изјава по одбележувањето на настанот Стојанче Ангелов рече дека сликите од тој ужасен чин никгаш не можат да се заборават.

„Ја имав таа несреќа дента, како старешнина на посебните полициски сили да ја затекнам сцената која што остана по нивното убивање. Сликите беа ужасни, слики кои не можат да се избришат. Затоа изразуваме голема благодарност до министерството за одбрана и до министерката Славјанка Петровска за иницијативата за изградба на спомен обележје за загинатите. Ова, затоа што сме должни како држава да го чуваме споменот на нашите херои, оние кои последни загинаа бранејќи ја татковината. Нека им е вечна славата“, рече Ангелов по положувањето на свеќе на местото каде што се случи крвавиот чин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.