22 мај 1939, Хитлер и Мусолини го потпишале Челичниот пакт

Лидерот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер, и лидерот на фашистичка Италија, Бенито Мусолини, го склучиле злогласниот Челичен пакт со кој двете земји влегле во воен и политички сојуз во пресрет на Втората светска војна.

Пактот требало да ја вклучува и Јапонија, но Јапонците се откажале бидејќи инсистирале воениот фокус да биде ставен врз СССР, додека Италија и Германија сакале тој да биде врз Франција и Обединетото Кралство, двете најголеми колонијални сили во тоа време.
Министрите за надворешни работи, Галеацо Чано и Јоахим фон Рибентроп, ставиле потпис на пактот во одаите на Рајхсканцлај во Берлин. Првично, пактот требало да се вика Пакт на крвта, но Мусолини се плашел дека со такво име немало да биде прифатен од неговиот народ, па било одбрано името Челичен (Stahlpakt на германски и Patto d’Acciaio на италијански). Бил потпишал со времетраење од 10 години, но со капитулацијата на Италија во 1943 година престанал да важи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.