Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло за овој период од годината. Зголемено наоблачување ќе има во ноќните часови, особено во крајните западни делови каде ќе има и услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Во утринските и во вечерните часови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степени.
Во среда нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот. Времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. Во попладневните часови ќе има нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град, особено повеќе услови за нестабилност ќе има во источната половина на земјава. Локално се очекува да наврнат и над 30л/м2 воден талог.
Повремени врнежи од дожд ќе има и в четврток, но од север ќе се спушта постуден воздух проследен со умерен до засилен северен ветер и ќе придонесе пад на температурата за неколку степени, а на планините врнежите постепено ќе поминуваат во снег.
Потоа ќе следува период на претежно стабилно време, а температурата ќе почне постепено да се покачува.Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерен