9 официјални адаптации, три торогателни романси, две историски драми, и една ужасна приказна се дел од листата на Хафингтон пост за најдобри филмови за 2014 година. Во година каде 17 од 20 филмови со најголема заработувачка призлегуваат од адаптација и франшиза, одбрано е најдоброто што беше понудено во кино салите. Ова е листата со најдобри 20 филмови за 2014 (плус две омилени содржини на пубилката).
“Edge of Tomorrow”
Во режија на Даг Лиман, „Edge of Tomorrow” претставува акционен филм во кој Том Круз глуми потполковник, но Емили Блант е таа која го краде шоуто. Глумејќи вистински воен херој кој му помага на Круз низ неговото патување, Блант е најдобрата акциона ѕвезда во изминатата година. „Edge of Tomorrow” беше најголемото изненадување во изминатото лето.
„Chef”
Ова е приказна за готвач од Калифорнија и врската која ја има со својот син, со кого отвара „ресторан на тркала“. Нивното патување ги води во Мајами, Остин и Њу Орлеанс.
„ Top Five“
Филм кој поставува тешки прашања околу славта, зависноста и меѓурасните враски на начин на кој многу комедии не се осмелуваат. Крис Рок вели дека никогаш претходно немал платформа како оваа, но се надева дека ќе ја има истата можност пповторно.
„The Boxtrolls”
Се работи за анимиран филм кој ги омекна циничните срца на повеќето луѓе годинава. Тоа се случува кога главната улога ја игра дете од подземното метро, кое било одгледано од група тролови без концепт на видовите, полот, расата или возраст.
„Beyond the Lights“
Холивудска романса која воодно преставува и модерна истрага околу тоа зошто музичката индустрија премногу ги сексуализира женските изведувачи. Овој филм важи за една од најдобрите љубовни приказни за 2014 година.
„ The Fault in Our Stars”
Доколку „ Beyond the Lights“ беше најдобра љубовна приказна за 2014, тогаш „ The Fault in Our Stars” е најдорбиот сентиментален филм. Базиран на исотимената книга, фимот се занимава со тинејџерска љубов и неизлечива болест.
“Inherent Vice”
Дури Пол Томас Андерсон би признал дека гледањето на „Inherent Vice” по втор пат е најдобриот начин да ја доживее неговата адаптација на ликот на Томас Пинчон. Овој филм се занимава со губењето на невиноста и значењето на братството подобро од било кој друг филм оваа година.
„Life Itself”
Роџер Еберт живееше за тоа да се прикаже себеси како ѕвезда во својот биографски филм. Но кога овој великодостојник познат по својот глас ќе ја изгуби можноста да зборува, тој ќе биде приморан да го напише својот тестамент. Овој филм ги претставува последните денови на Роџер Еберт, пред на почине на 71-годишна возраст.
„The Babadook”
Овој филм воедно е прогласен за најстрашен филм за 2014. Се работи за едно момче кое наоѓа приказана и ја чита со својата мајка. Карикатурата од приказната ги опседнува и ги доведува до работ на лудило мајката и синот.
„Guardians of the Galaxy“
„Guardians of the Galaxy“ беше нешто што може да допре најблиску до „Star Wars”. Филмот е во режија на Квентин Тарантино.
„Foxacatcher”
Бедниот мултимилионер Џон ду Понт е во потрага по соединение за обука на Олиписките борачи. Тој најмува двајца браќа кои рефлектираат се што Понт мисли дека му е потребно.
„Obvious Child”
Симпатична романтична комедија која го третира абортусот како безбедна медицинска процедура, и која и дозволува на протагонистката Дона Стерн да ја донесе својата одлука без никаков срам.
„The One I Love”
Што доколку вашата љубовна приказна може да почне одново. За време на викенд, една двојка се обидува на мноогу бизарен начин да се врати на старите денови на својата врска.
„Wild”
Базирана на меоарите на Шерил Стреид, „Wild” е приказна за лични откритија и самореализација. Главната улога ја толкува Риз Витерспун.
„Whiplash”
Филм за музички инструктор и неговиот ученик кој ќе ви понуди лудо уживање како да се наѓате во 106-минутно „кресендо“.
„The Grand Budapest Hotel”
Претежно поставени помеѓу војните- но исто ката и во три други периоди- филмот не води во розевите сали на големиот хотел во Будимпешта, како и за грижата на батлерот за бакнувањето на рацете.
„Nightcrawler”
Филмските критичари сметаат дека овој филм е толку добар што требало да излезе уште во 1999 година, кога режисерите се поврзувале со големи промени во расположението.
„Boyhood“
Подобар емоционален и икскрен портрет за ратење никогаш претходно не бил екранизиран.
„Birdman”
Филм кој изобилува со референци од поп- културата, коментари за односот помеѓу уметниците и критичарите и портрет криза која му се заканува на на еден човек кој го остава својот успех зад себе.
„Gone Girl”
„Gone Girl” преставува изопачена и злобна, перверзна игра помеѓу двајца дволични личности кои се заслужуват еден со друг повеќе од било кој друг пар во виорот на вистинската љубов.
„Love is Strange”
„Love is Strange” ни ја дава најделикатната екранизирана љубовна приказна до сега, љубовна романса помеѓу двајца мажи. По 39 години поминати заедно Бен и Џорџ добиваат шанса да се венчаат, но наидуваат на низа проблеми откако едниот ја губик работата во католичко училиште. Преку нивната привремената разделба и нивните повторни средби воочуваме колку овие мажи си значат еден на друг.
„Selma”
„Selma” е историска драма за борбата Мартин Лутер Кинг за сите граѓани да добијат еднакви права на глас. Се работи за филм кој може да докаже дека несериозноста и хоророт можат да постојат во истиот свет. Ова е листата со најдобри 20 филмови за 2014 (плус две омилени содржини на пубилката).