22-годишен гостиварец заврши во болница поради повреди на работно место

Вчера во 12:50 часот во СВР Тетово пријавено е дека при извршување работни задачи во фабрика на улица „Мара Угринова“ во Гостивар со повреди се здобил 22-годишниот С.Н. од гостиварска Долна Бањица.

Тој бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување помош.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: