ФОТО: „ФУДБАЛСКИОТ АС“ и донесе нова победа на Барса!!!

Фудбалскиот АС, Лајонел Меси и донесе нова победа на Барселона, постигнувајќи два погодоци и правејќи комплетен пресврт во дуелот против екипата на Спартак М.

Мошне возбудливо и интересно беше на „Камп Ноу“ каде се сретнаа екипите на Барселона и Спартак од Москва. На изненадување на сите, екипата на Спартак одлично и се спротистави на фаворизираната Барса. Први во водство дојдоа домаќините преку Тело во 14-тата минута. Потоа следеше “шок“ за домаќините, во 29-тата минута Алвеш си постигна автогол и резултатот беше израмнет на 1-1. Во вториот дел 70-илјадната публика не можеше да поверува што се случи, гостите преку Ромуло дојдоа во водство од 1-2. Но, потоа на сцена настапи Аргентинскиот АС, Лајонел Меси, кој со двата гола најпрво во 72-рата а потоа во 80-тата минута и донесе победа на екипата на Барселона.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: