Група членови на Собранието на рускиот град Санкт Петербург предложија градоначалникот законски да забрани медиумите да го споменуваат „крајот на светот“ до кој според календарот на Маите ќе дојде во крајот на оваа година.
Авторите на ова барање изразуваат „загриженост од зголеменото есхатолошко расположение во општеството“ и стравуваат од згоелмен криминал, раст на број на самоубиства, наркоманија и алкохолизам.
Подносителите на барањето предлагаат градоначалникот да преземе чекори да се спречи зголемената јавна хистерија во медиумите и да расгледаат законска забрана за „пропаганда за крајот на светот“.
Пронајдете не на следниве мрежи: