Мурињо го тужи главниот уредник на Marca

 

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, поднесол тужба против главниот и одговорен уредник на весникот Marca, Роберто Паломар, пренесуваат шпанските медиуми.

Мурињо бил навреден од текстот објавен во весникот на 17. септември, особено од реченицата: „Мурињо е таков карактер, кој ќе замине откако својот клубот ќе го стави на столбот на срамот“. 

Португалецот навреден веднаш му наложил на својот адвокат да поднесе тужба против уредникот на весникот, а некои медиуми пишуваат дека Мурињо ќе бара оштета од 15.000 евра. Доколку го добие судскиот спорт, тренерот на Реал, парите ќе ги донира во добротворни цели. 

Мурињо по победата на Реал над Манчестер Сити рече дека му е драго што некои новинари морале да ги бришат веќе напишаните текстови. 

Многумина препознаа дека оваа изјава се однесува токму на Паломар, главниот и одговорен уредник на Marca, весник кој е познат како гласило на Реал. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: