Жерард Пике, стоперот на Барселона, по половина час игра, поради повреда го заврши настапот на мечот од Лигата на шампиони меѓу Барселона и Спартак Москва.
Пике, како што информираат од клубот, се здобил со повреда на левото стапало и му следува пауза од две до три седмици.
Повредата може да го оддалечи Пике од првото сезонско дерби со Реал Мадрид кое ќе се одигра на 7-ми октомври, на „Камп Ноу” во Барселона. Повредата на Пике само му ги зголеми главоболките на тренерот Тито Виланова, кој најмалку еден месец ќе биде и без капитенот Карлес Пујол, кој во саботата на мечот со Хетафе доби повреда на вркстените лигаменти.
На натпреварот против Спартак, кој Барселона со пресврт го доби со 3:2, местото на Пике, во централната дефанзивна линија играше Алекс Сонг.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: