САД го карактеризираше нападот во Бенгази како терористички

 

 Директорот на американскиот Центар за антитерористичка борба (NCTC), Метју Ослен во средата изјави дека нападот изведен на 11-ти септември врз американскиот конзулат во либискиот град Бенгази е „терористички чин“.

Изминатата седмица американските функционери даваа противречни изјави за вооружениот напад во кој беше убиени американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и тројца американски службеници, за кои се вели дека биле агенти на безбедносните служби.Директорот на NCTC, Метју Ослен, изјави дека Американците се „убиени во терористички напад врз конзулатот“.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон во четвртокот зад затворени врати за истрагата за нападот ќе ги брифира претставниците во американскиот Конгрес, а Ослен пред овој состанок претпазливо ги напомена можните врски со Ал Каеда.
 

„Поседуваме показатели според коишто лицата вмешани во нападот би можеле да бидат поврзани со Ал Каеда или со Ал Каеда на исламскиот Магреб“, изјави Ослен.

Според американската телевизиска мрежа Fox News којашто се повикува на извори од разузнавачките служби, во нападот е вмешан еден поранешен затвореник од Гвантанамо, злогласниот затвор во американската база на Куба, кој бил префрлен во Либија во 2007 година и потоа ослободен.

Пред два дена Стејт департментот на САД одби да одговори на прашањето за нападот како терористички чин и наведе дека ги очекува резултатите од истрагата на федералното истражно биро FBI.

Меѓутоа, американската амбасадорка во Обединетите нации, сузан Рајс во неделата изјави дека тој напад не е нужно подготвуван и координиран, туку произлегол од спонтаниот протестен собир  пред конзулатот по појавувањето на филмот „Невиноста на муслиманите“.

Од Белата куќа наведоа дека немаат информација дека станува збор за планиран напад.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: