Лео Меси, 109 погодоци на последните 100 натпревари

 

Лионел Меси, најдобриот стрелец во Лигата на шампиони во последните четири сезони, со два гола против Спартак Москва, ја започна новата сезона во елитното фудбалско натпреварување.

Головите на Меси против Спартак и ја донесоа победата на Барселона, која до 72 минута имаше негатива од 1:2. 

Сметајќи го и мечот со рускиот тим, Аргентинецот во Лигата на шампиони има одиграно 69 натпревари, на кои постигнал 53 погодоци. За споредба Кристијано Роналдо на 81 меч во шампионската лига 39 пати бил стрелец.

Меси има неверојатна голгетерска серија, на последните 100 натпревари за барселона, во сите натпреварувања има постигнато 109 голови. 

Напаѓачот на Барса, оваа сезона ќе се обиде да го урне рекордот на Герд Милер, кој четири сезони (192/73, 73/74, 74/75 и 76/77) бил најдобар стрелец во тогашниот Куп на европските шампиони.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: