Сахин ја знаел следната дестинација на Кака

 

Нури Сахин, фудбалер на Реал Мадрид, кој како позајмен играч настапува за Ливерпул, изјави дека знае каде Кака ќе ја продолжи својата кариера.

Бразилецот, во летниот преоден рок беше поврзуван со неколку екипи – Милан, Манчестер Сити, Тотенхем, Галатасарај, но сепак остана во Реал, поради високата сума која како обешетување за него ја бараа од „кралскиот клуб“.

„Знам дека имаше понуда на еден турски клуб, но исто така знам и што решил Кака, но тоа не смеам да го откријам“, рекол Сахин. 

Кака во новата сезона нема запишано ниту еден настап за Реал, а изјавата на Сахин само ги подгрева шпекулациите дека тој во јануарскиот преоден рок ќе си замине од Мадрид. 

Турскиот репрезентативец, кој во четвртокот одигра 90 минути за Ливерпул во победата над Јанг Бојс од 5:3, порача дека би сакал „црвените“ да го откупат неговиот договор од Реал и кариерата да ја продолжи на „Енфилд“.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: