Сао Паоло го купи Гансо

 

Репрезентативецот на Бразил Гансо од Сантос се пресели во екипата на Сао Паоло, со која потпиша петгодишен договор.

Гансо, еден од најбараните млади бразилски фудбалери често се споменуваше со трансфер во некој од големите европски тимови, но тој сепак одбра да остане во татковината. 

Гансо, во Сао Паоло е доведен како алтернатива за Лукас Моура, кој во јануари ќе се пресели во редовите на Пари Сен Жермен. Сао Паоло не ја соопшти сумата која ја плати за Гансо, но медиумите во Бразил шпекулиртаат дека станува збор за сума од 7,5 милиони евра. 

Интересно е тоа што Сао Паоло е сопственик на 45 отсто од договорот на 22-годишниот фудбалер, останатите 55 отсто се во сопственост на инвестициската компанија DIS. 

„Среќен сум поради трансферот, иако имаше неколку заинтересирани тимови. Сао Паоло беше мојот прв избор од самиот почеток“, порача Гансо. 

Фламенго од Рио Деженеиро и Гремио од Порто Алегре беа меѓу најзаинтересираните тимови за играчот од редот за врска.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: