Поранешниот италијански репрезентативец, Мауро Каморанези, е виновен за „ексцесивна и абнормална грубост“ за време на натпреварот одигран во далечната 1994 година, кога со еден свој старт повредил фудбалер, до таа мерка што тој морал да стави крај на кариерата.
Врховниот суд во Буенос Аирес ја потврди претходно донесената пресуда и му наложи на Каморанези да плати 50.000 евра плус камати. Како играч на Алдосиви, Каморанези на натпревар против Алварадо, одигран во 1994 година го повредил Роберто Пицо.
Стартот на поранешниот италијански репрезентативец, би, ненамерен, но бил толку груб што Пицо останал без 39 отсто од капацитетот на своето колено.
„Иако стартот не може да се окарактеризира како намерен, сепак е исклучително груб. Вакви стартови не треба да има на спортските борилишта“, стои меѓудругото во соопштението од Врховниот суд.
За разлика од несреќниот Пицо, Каморанези направи одлична спортска кариера, пред се во италијанската Серија А. Како член на италијанската репрезентација во 2006 година тој ја освои титулата светски првак.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: