Заминувањето на Фелипе Маса од Ферари, последните недели е една од темите со која најмногу се занимаваат медиумите во светот.
Сигурно е дека иднината на Бразилецот во Ферари е неизвесна, многу пилоти се споменуваат како негова замена, а свое мислење на оваа тема има и партнерот на Маса, Фернандо Алонсо.
„Со Фелипе работам три години и имаме исклучително добар однос. Доколку тимот реши да го менува, тогаш на неговото место мора да дојде подобар возач“, вели лидерот во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1.
„Слушам дека се споменуваат многу имиња, не знам дали во врска со нив се размислува со разум или со срце. Кога ќе ги слушнам сите тие имиња и кога ќе ги споредите со сé она што Фелипе го има направено во Формула 1…“, продолжи Шпанецот, кој застана во одбрана на својот колега.
Според Алонсо, сепак, тимот ќе реши кој ќе му биде партнер во следната сеозна.
„Мораме да ја почитуваме одлуката што ќе ја донесе тимот. Мое мислење е дека мораме да имаме возач кој го почитува Ферари, кој ја почитува традицијата на тимот, кој ќе работи за тимот, за црвените болиди, тоа е сепак приоритет“, истакна двократниот светски шампион Алонсо.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: